Philips Hue, smart home lighting made brilliant

Осветлете го домот “паметно”

Philips Hue е вашиот персонален безжичен систем за осветлување кое Ви овозможува да ги контролирате Вашите сијалици и да креирате посебен амбиент за секој момент. Внесете живост во Вашиот дом со најдобрите поврзани сијалици на светот.


Откријте го паметното осветлување

Што е Philips HUE?

Philips Hue нуди паметни LED светилки, уреди за осветлување и паметни додатоци кои се вклопуваат во декорот на секој дом, погодни се за секоја пригода и се прилагодуваат на вашето расположение. Контролирајте го паметното осветлување на брз и удобен начин со апликацијата Philips Hue.

  • Едноставно поставување и управување
  • Прилагодете го осветлувањето по сопствен вкус
  • Широк асортиман на производи

Создадете ја вистинската атмосфера што ќе одговара на вашето расположение

Користете ја светлината за лесно менување на атмосферата на секоја просторија. Без разлика дали сакате да акцентирате внатрешен простор, да поставите оптимална светлина за функционални задачи, да организирате забава на отворено или да создадете романтична вечера, можете да ги персонализирате вашите Philips Hue сијалици за да создадете совршен амбиент. Изберете од која било нијанса на бело или од спектар од 16 милиони бои за да ја пронајдете онаа што одговара на вашето расположение.

Дневни активности

Светлина која ве следи во текот на денот

Дневните задачи и активности стануваат многу полесни со вистинското светло. Philips Hue е тука за да ви помогне, без разлика дали тоа е да ве разбуди, да ви даде енергија за време на појадокот, да им помогне на вашите деца да се концентрираат при извршувањето на домашната задача или да обезбеди вистинска светлина за читање или релаксација на крајот на напорниот ден.