За компанијата


ВИНТ дооел е специјализирана компанија на пазарот во Македонија која со својата професионалност нуди целокупна листа на услуги од областа на електротехниката.

Профил

ВИНТ дооел е трговско друштво основано во 1998 година со седиште во Скопје, Република Македонија. ВИНТ најпрво започна како овластен дистрибутер на TEZ – Загреб. Со понатамошниот развој и со својата докажана професионалност фирмата се разви и стана овластен дистрибутер на Philips Lighting. Како свој модел ВИНТ ја следи посветеноста на Philips во генералните бизнис принципи кои се однесуваат на интегритетот и етиката при водењето на бизнисот. Фирмата ги следи и се води според тие принципи во сите свои донесени одлуки и постапки кон купувачите, кон поддоговарачите, кон вработените како и кон сите други вклучени учесници. Финансискиот етички код како и етичкиот код при набавување се дополнителен водич на ВИНТ во секојдневното работење и водење на бизнисот.

Мисија

Нашата мисија е подобрувањето на квалитетот на живеењто на луѓето преку навремено воведување на значајни технолошки иновации. Во современиот свет, каде што технологијата безгранично напредува, каде што технологијата го допира секој аспект од нашиот живот, ВИНТ овозможува водечки решенија во полето на заштита на здравјето и животниот стил. ВИНТ овозможува нова технологија која ги задоволува потребите на своите корисници правејќи ги позадоволни и со тоа градејќи долга врска темелена на доверба и сигурност. ВИНТ е одговорен партнер во општеството, со недопрен интегритет кон своите корисници, вработени,добавувачи и бизнис партнери, поддоговарачи, конкуренцијата, државата и нејзините тела како и сите останати засегнати од нивните активности.

Тим

Нашиот тим од експерти е тука за вас. Ние инвестираме во висококвалитет и обучен тим кој ќе биде достапен за вас и вашите прашања и потреби. Со нашиот тим ние нудиме проверка и евалуација на поставените системи за осветлување, како и бројни совети и информации за новите иновативни решениија. Ние сме тука за дизајнирање на решение кое оптимално одговара на вашите потреби и реализација и имплементација на истото со највисок квалитет и одлични резултати.