Увоз

ВИНТ увезува исклучиво високо квалитетна опрема за која гарантираат сертификатите и признанијата на нашите добавувачи, светски реномирани компании од областа на осветлувањето и електротехниката.


Големопродажба

Големопродажната палета производи вклучува сијалици за општа употреба, сијалици за надворешно осветлување, специјализирни сијалици, како и елементи и софтвер за автоматизација на објекти.


Застапување

Доказ за нашиот квалитет е долгогодишната соработка како овластени дистрибутери на Philips Lighting. Во чекор со новостите и иновациите ние го пренесуваме искуството и знаењето на бројните проекти и изведби.


Проектирање

Проектанскиот тим на ВИНТ се состои од врвни електроинженери со долгогодишно искуство во проектирање, надзор и ревизија на проектна документација. При проектирање на енергетски објекти се извршуваат детални анализи и постојани проверки на добиените резултати со цел да постигнување поголем квалитет како и максимално енергетски ефикасни решенија.


Изведба

Следејќи ги барањата на пазарот ВИНТ активно зема учество во изведба, испитување и одржување на електротехнички инсталции за сите типови објекти и улично осветлување. Нашата крајна цел е економски исплатливо и технички исправно решение. Поради сериозноста и професионалноста која им ја нудиме на нашите партнери, обемот на нашите услуги расте со брзо темпо.